in

Се маскирале како стари жени за да ја примат вакцината против коронавирусот!

Две средовечни жени во Флорида се маскирале во стари жени со цел да ја примат вакцината против ковид-19.

Жените, помлади од 45 години, биле „облечени како баби“ во капи, ракавици и очила за да изгледаат постари од 65 години. Ова го направиле бидејќи луѓето над таа возраст имаат приоритет во вакцинирањето.

Раул Пињо, директор на одделот за здравство во округот Оринџ, рече дека обидот за измама покажува колку е голема побарувачката за вакцини.

„Вакцината е најбараната работа во моментот и мора да бидеме внимателни“, рече Пињо.

Сепак, се чини дека „преправањето“ на двете жени проработело веќе еднашка. И двете имале картички од Центарот за превенција и контрола на болести кои укажувало на тоа дека веќе ја примиле првата доза.

Пињо истакна дека не знае како првпат успеале во тоа, но биле фатени во нов обид.

Вработените забележале дека деновите на раѓање од нивните сообраќајни дозволи се разликуваат од она што тие го тврдат, па затоа и двете жени на возраст од 44 и 34 години биле упатени на понатамошна проверка.

Ваквите случаи не се невообичаени и многумина се обидуваат да го измамат системот и да направат вакцина. Минатиот месец, богат пар Канаѓани полетаа во оддалечен дел од земјата и се преправаа дека се членови на домородното население, кое беше во приоритетната група.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote