in

БИЗАРНО! Лажни сертификати за вакцинација се продаваат преку интернет!

Лажните пасоши за ковид-19 се продаваат преку интернет по поволни цени во голема измама што ги вознемири властите на бројни земји кои сакаат да ги оживеат патувањата и економијата, проценуваат експертите за сајбер-технологија.

Од Исланд до Израел, голем број земји започнаа да ги укинуваат ограничувачките мерки при преминување на границите за луѓето кои можат да докажат дека биле вакцинирани.

„Луѓето се обидуваат да ги заобиколат правилата правејќи лажни документи, притоа ставајќи ги во опасност животите на другите“, рече Бену Арора, основач на компанијата „Сабл“. Тој додаде дека неговите колеги и тој виделе многу страници на темната мрежа каде лажните документи се продаваат „за малку пари“.

Лажни документи за вакцинација може да се купат за 12 американски долари, додаде Арора, велејќи дека бројот на продавачи расте, откако тие се појавија на темната мрежа кон крајот на февруари.

Одед Вануну од компанијата „Чек Поинт“ изјави дека истражувачите во компанијата утврдиле постоење на бројни реклами на темната мрежа, кои нудат документи кои наводно биле издадени во САД, Русија и други земји.

Постои голема побарувачка за овие лажни трудови – нагласи Вануну.

Лажните се појавија и на редовни страници и разни платформи, изјави Чад Андерсон од компанијата „DomainTool“.

Минатата недела 45 државни обвинители од САД потпишаа писмо во кое го повикуваат раководството на Twitter, eBay и Shopify да преземат итни активности и да спречат продажба на лажни податоци на нивните платформи.

eBay рече дека презел значителни чекори за блокирање и брзо отстранување на лажни документи кои го загрозуваат здравјето на луѓето, додека Twitter и Shopify сè уште немаат коментирано ништо.

Ден претходно, FBI апелираше до луѓето да не објавуваат фотографии од документи за вакцинација на социјалните мрежи, предупредувајќи дека може да бидат злоупотребени.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote