in

Леб од каменa доба, без брашно, млеко и квасец: Овој рецепт ќе го обожавате!

Овој рецепт го смислиле тројца признати лекари и го препорачуваат на сите

Состојки за еден леб:

  • 100 гр сурови, несолени семки од тиква
  • 100 гр сурови, несолени семки од сончоглед
  • 100 гр сурови, несолени семиња од лен
  • 100 гр семе од сусам
  • 100 гр сурови, несолени парчиња бадеми
  • 100 гр сурови, несолени парчиња орев
  • 5 големи јајца на собна температура, лесно изматени
  • 120 ml екстра маслиново масло
  • 2 лажички морска сол

Подготовка: Загрејте ја рерната на 170 степени. Премачкајте правоаголен сад за печење од 23 × 13 × 8 см со путер и покријте го дното со хартија за печење. Хартијата за печење премачкајте ја со путер.

Измешајте ги сите семиња и ореви во голема чинија. Додадете јајца, маслиново масло и сол и измешајте ги состојките целосно да се соединат. Пренесете ја смесата во подготвената тава за леб. Ставете го во рерна и печете околу еден час, или додека лебот не стане цврст.

Извадете го и оставете го да отстои 15 минути. Свртете го тавчето и потчукнете на дното за да го испуштите лебот врз решетката за ладење. Оставете малку да се излади пред да го исечете. Да се ​​чува во херметички затворен сад во фрижидер.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote