in ,

СлаткоСлатко УбавоУбаво

Леб полнет со кашкавал и лук

Одличен начин да го искористите стариот леб.

Состојки:

  • – 1 помал леб
  • – 200 гр рендана гауда
  • – 150 гр фета сирење
  • – 60 гр путер
  • – 2 чешниња лук
  • – 1 пиперка
  • – сечкан магдонос

Подготовка:

Оставете го путерот да омекне, па измешајте го со издробениот лук и магдоносот. Завиткајте го во фолија и ставете го во фрижидер да се стегне.

Лебот се сече по должина неколку пати, но не до крај, па се сече ширината за да се добијат коцки.

Измешајте рендано сирење и рендана фета со ситно сечканата пиперка.

Наполнете ги парчињата леб со изладени листови путер и подготвен фил со сирење.

Лебот се става во плех, се покрива со фолија и се пече во загреана рерна на 180 степени околу 15 минути.

Отстранете ја фолијата и печете уште 10 минути.

На здравје!

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote