in ,

Легендарниот Ибра: Би играл и заразен!

Златан Ибрахимовиќ верува дека Милан оваа сезона може да постигне добри резултати во Серија А и во Лига Европа.

Во големото дерби на италијанскиот фудбал, Милан го победи Интер со 2:1. Тоа беше прва победа на „росонерите“ над градскиот ривал во последните пет години.

Zlatan Ibrahimović

Херој на Милан беше двоен стрелец Златан Ибрахимовиќ, кој неодамна се опорави од коронавирусот.

“Го изгубив чувството за вкус, но не чувствував други симптоми. Си реков дека ќе го играм ова дерби по секоја цена, дури и да сум позитивен”, изјави Швеѓанецот.

Милан сега е единствениот тим со сите четири победи и 12 поени.
“Ние сме само на почетокот, размислуваме само за следниот натпревар. Кога дојдов, целта беше да се пласирам во Европа. Тоа е она што го сторивме. Сега сакаме да постигнеме добар резултат и таму. Има шанса да го освоиме Скудетото, ако можеме да направиме една работа, можеме да сториме сè “, Сигурен е Ибра.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote