in

Што?Што?

Откриен лек што го забавува развојот на Алцхајмерова болест

После многу неуспешни обиди, дошло до големо откритие на лекувањето на Алцхајмерова болест, најчестата форма на деменција.

Научниците откриле лек кој го забавува когнитивниот пад кај пациентите со Алцхајмерова болест, а тоа е експерименталниот лек „Lecanemab“, пренесува „The Guardian“.

Неговата ефикасност е сè уште мала, но се дискутира за неговото влијание врз квалитетот на секојдневниот живот.

„Lecanemab“ делува во раните фази на болеста и го таргетира бета-амилоидот кој се акумулира во мозокот на луѓето со Алцхајмерова болест.

Професорот Џон Харди, еден од водечките светски истражувачи кој стои зад целата оваа идеја, вели дека тоа е историско достигнување и дека е голем оптимист за лекувањето на оваа болест.

Професорката Тара Спирс Џонс од Универзитетот во Единбург додава дека резултатите се голема работа бидејќи при истражувањето на лек за оваа болест, научниците долго време имале 100 проценти неуспех.

На луѓето со Алцхајмерова болест им се даваат други лекови за да помогнат во управувањето со симптомите, но ниту еден не го менува текот на болеста. „Lecanemab“ е всушност антитело, како антителата кои телото ги произведува кога е нападнатo од вируси или бактерии, кои треба да му сигнализираат на имунолошкиот систем да го исчисти амилоидот од мозокот.

Истражувањето опфатило 1.795 доброволци во рана фаза на болеста. Лекот им го давале на секои два дена.

Резултатите биле објавени на Конференцијата за клинички испитувања на Алцхајмерова болест во Сан Франциско и во „New England Journal“.

Како ви се допаѓа?

1 поен
Upvote Downvote