in ,

ТаженТажен Што?Што?

Неверојатно – Лекари во Полска отстраниле циста на јајник тешка 100 килограми

Лекари во Полска ѝ отстраниле на пациентка циста на јајник тешка 100 килограми, објави претходно седмицава Универзитетската клиника во југоисточниот град Жешов.

Шуплината исполнета со течност се формирала на јајник кај 24-годишна жена, објави клиниката. Пациентката изјави дека претходно не се осмелувала да се јави во болница, бидејќи се плашела.

„Дијаметарот на туморот изнесуваше околу еден метар“, изјави д-р Ана Богачик, од гинеколошкиот оддел.

Кога една седмица пред операцијата се пријавила во болницата, пациентката висока 158 сантиметри тежела 182 килограми. Прегледот бил исклучително тежок, бидејќи жената не можело да ја собере во скенерот ЦТ, се додава во објавата.

„Како лекарски тим, главно знаевме за што станува збор“, изјавил Томаш Клус, шефот на гинеколошкиот оддел во болницата во Жешов.

Во текот на операцијата, лекарите отстраниле околу стотина литри течност, а потоа ја отстраниле циста. Не утврдиле никакви патолошки промени на пелвисот или абдоменот.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote