in

Што?Што?

Неверојатни природни лекови против опаѓање на косата

Опаѓањето на косата на многумина им претставува голем проблем. Разните  козметички препарати често може да предизвикаат опаѓање отколку раст на косата. За да се решите од овој проблем пробајте од овие неколку природни смеси, што можете сами да ги направите дома, а да не изгубите многу време како и пари. Еве три предлози за смеса против опаѓање на косата што ќе ги направите сами:

 

Изматете една жолчка додека не стане пенеста, додајте  една лажичка рум и едно лажиче рицинусово масло. Ставете ја оваа маска на косата и масирајте го темето. Смесата оставете да стои на главата барем три часа, а најдобро би било да ја оставите во текот на целата ноќ. После тоа измијте ја со вода во која има исцедено лимонов сок. Третманот правете го еднаш неделно додека косата не се обнови.

Другата смеса е на база на коприва. 100 грама корен од коприва ставете ги во литар ракија или литар алкохол од 70% и оставете го да стои осум дена. После тоа содржината претурете ја во чиста  амбалажа и додајте неколку капки рицинусово масло. Со оваа смеса масирајте го коренот секој ден.

 

На крајот уште еден природен лек. Земете 100 грама коприви и варете ги 20 минути во половина литар вода. Поклопете го садот и оставете да стои осум часа. По тоа процедете ја течноста и додајте 200 грама вински оцет. Со овој лек третирајте го коренот секоја вечер.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote