in ,

УбавоУбаво

Леонардо ди Каприо во среќна врска со убавицата Камила

Манекенката Камила Мороне неодамна беше забележана од будните папараци на плажа во Малибу, а оваа убавица продефилираше на плажа во минијатурно бело бикини и со нова боја на коса – портокалова, што е навистина голема промена, со оглед на тоа што со години ја знаеме како бринета.

Камила на јавноста ѝ е најпозната како девојката која успеа да го „скроти“ Леонардо ди Каприо, човекот кој важеше за најголемиот заводник во Холивуд. Интересно е што актерот всушност никогаш не излегувал со девојка постара од 25 години, а таа информација стана дури и инертна шега во Холивуд – ја спомна и Ејми Шумер при доделувањето на Оскарите оваа година.

Со оглед на тоа што ја започнаа својата романса кога таа имаше само 20, а тој 42 години, многумина коментираа за нивната огромната разлика во годините. Но, Ди карпио најверојатно е „слаб“ на млади убавици.

И додека на почетокот на нивната врска можеа да се видат заедно на егзотични одмори и луди забави колку нивната врска стануваше посериозна, толку помалку се појавуваа заедно во јавноста. Но, и покрај тоа, љубовта на Камила и Леонардо стануваше се поинтензивна и во декември 2020 година, парот започна да живее заедно.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote