in

Што?Што?

АЛАРМАНТНО! Еден од трите леопарди кои избегале од зоолошката градина во Кина се уште е на слобода!

Властите во источна Кина сè уште трагаат по еден од тројцата леопарди кои избегаа од паркот сафари, соопштија локалните власти, додека паркот се соочува со критики бидејќи скоро една недела криел дека животните избегале.

На 1 мај, локалното население забележало дека тројца леопарди избегале од паркот сафари во Хангжу, објави државниот весник „Глобал тајмс“, но паркот само ја предупреди јавноста во саботата дека животните исчезнале.

Два леопарди се веќе фатени и се здрави, соопштија официјалните лица.

Нејасно е како леопардите успеале да избегаат.

Потрагата по третото забегано животно започна синоќа со помош на беспилотни летала и ловџиски кучиња, се наведува во изјавата на локалната влада на Хангжу на официјална сметка на социјалната мрежа Виче.

Леопардот бил снимен со беспилотно летало вчераутро, но побегнал кога луѓето се обиделе да му пријдат, според Глобал тајмс.

Сафари паркот претрпе критики затоа што не објави веднаш информации за бегство на животни, со што се загрозени човечки животи, особено затоа што леопардите шетаа цело време за време на петдневните празници на Први мај кога градот беше полн со туристи.

Хангжу е една од најпопуларните туристички дестинации во Кина, позната по своите насади со чај и живописното езеро.

Сафари паркот е привремено затворен додека се разгледува прашањето за неговата безбедност и управување.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote