in ,

СлаткоСлатко

Модерен и проверен начин на слабеење – предности на липосукциската исхрана

Липосукциската исхрана е посебна исхрана која се темели на консумирање на природни масти и елиминација на јаглени хидрати. Го поддржува враќањето на исхраната на нашите предци и избегнување на конзервирани, полуготови и рафинирани производи. За време на протоколот, се консумираат и додатоци на аминокиселини, кои го стимулираат распаѓањето на мастите во организмот. Оваа програма на исхрана нема никаква врска со операцијата – липосукција, освен што има заедничка цел брзо да ги стопи мастите во организмот. Затоа е и наречена неинвазивна липосукција (Noninvasive liposuction).

 

Липосукциската исхрана и аминокиселините

Нутриционистот Кенан Мандра смета дека шеќерот е најголем проблем на денешната исхрана, па затоа липосукциската исхрана се темели на внес на масти и протеини, поддржани со внес на аминокиселини преку суплементи, а исклучување/намалување на јагленохидратите. На тој начин се поттикнува разложувањето на мастите во телото, односно метаболизмот ги користи сопствените залихи на масти како извор на енергија. Аминокиселините кои се внесуваат преку додатоци дејствуваат како активатори на ензимите на липаза кои го активираат процесот на распаѓање на мастите. А со оглед на тоа дека гладта е психолошки проблем, многу е важен индивидуален нутриционистички пристап кон секој што сака да започне со липосукциска исхрана.

Кои се предностите на липосукциската исхрана?

– не е рестриктивна
– не е опасна по здравјето
– не дава јо-јо ефект, односно намалените килограми не се враќаат
– првите резултати се видливи по 24 часа
– не предизвикува чувство на глад
– диетното мени е разновидно и воопшто не е здодевно
– не треба да се мачите со броење на калории
– липосукциската исхрана е нов начин на живот, а не еднократен третман.

Што смееме да јадеме кога сме на липосукциска исхрана?

Протоколот на липосукциска исхрана вклучува консумирање на здрави масти и протеини, а ги исклучува јагленохидратите и шеќерите. Сите оброци детално се планирани од тимот нутриционисти и се целосно адаптирани на потребите на поединецот. На пример, за појадок можат да се консумираат и домашни кекси со цимет, смути напивки, омлет со кашкавал, туна, пилешка салата или плескавици од тиквички. За ручек – пилешки плескавици, крем супа од печурки, полнети шницли, риба, свежи салати, додека пак, вечерата е главен оброк кога може да се консумира и бифтек, пилешки крилца, пилешки батак, морски плодови, односно изворна храна која е богата со протеини. Добрата вест за оние кои не можат да се откажат од слатки е во тоа што се дозволени десерти базирани на овошје, поточно на природни шеќери кои не се претвораат во масти.

Сè повеќе потврди од еминентни лекари и научни истражувања пристигнуваат во полза на примената на липосукциската исхрана за успешен и брз процес на слабеење. Прочуениот руски кардиохирург Лео Бокерија неодамна ја потврди теоријата на липосукциската исхрана дека вечерата треба да биде централен оброк. Истото го потврдија и најновите истражувања направени на Универзитетот „Корнел“. Научникот Дејвид Левитски откри дека луѓето кои го прескокнувале појадокот, за неколку недели значително ја намалиле телесната тежина.

Како ви се допаѓа?

1 поен
Upvote Downvote