in

УбавоУбаво

СЕКОЈ МОЖЕ ДА ГИ НАПРАВИ: Толку меки и сочни – Лепињи полнети со компири и сирење кои се печат само 20 минути

Прекрасни лепињи што можете да ги послужите за појадок, а лесни се за правење.

Состојки:

За тестото:

  • 400 мл топло млеко
  • 1 квасец
  • 1 лажица шеќер
  • 1 лажичка сол
  • 2 лажици масло
  • 480 гр брашно

За фил:

  • 5 компири
  • 100 мл млеко
  • 200 гр рендано сирење
  • сол

За премачкување:

  • 1 жолчка од јајце
  • 1 лажица растително масло
  • сусам и ким

Подготовка:

Измешајте млеко, шеќер и квасец. Потоа додадете половина од количината брашно, измешајте, а потоа додадете го остатокот од брашното и солта. Промешајте малку, а потоа замесете меко тесто. Додека се меси, се додава масло. Покријте и оставете да отстои половина час.

Сварете го и испасирајте го компирот со лажица. Потоа додадете млеко и сирење и добро промешајте. Поделете го тестото и филот на три дела и обликувајте топчиња (и од филот и тестото).

Тестото развлечете го со прстите во круг, а потоа ставете малку од филот. Убаво завиткајте го тестото околу филот и раширете го повторно со прстите. Потоа ставете на хартија за печење и убаво формирајте тенок круг. Ставете го на плехот за печење и покријте го, па оставете го да стои уште половина час. Потоа со прстите направете вдлабнатини на тестото (мали дупки), па премачкајте со јајце и масло и наросете сусам и ким.

Печете на 180 ° C околу 20 минути.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote