in ,

СлаткоСлатко УбавоУбаво

Брзо, лесно и евтино: Рецепт за совршен летен ручек

Лето е, топло е, а прашањето што најмногу мачи е – што да се јаде на овие жештини? Треба да биде лесна храна и по можност да не одзема долго време за подготовка.

Токму таков рецепт ви претставуваме во продолжение.

Рижото со зеленчук, здрав оброк и подготвен многу брзо!

Состојки:

  • 250 гр ориз
    1 голема главица ситно сечкан кромид
    1 морков
    1 чешне лук
    1 црвена пиперка
    1 жолта пиперка
    1 лута пиперка (ако сакате лута)
    250 гр печурки (по избор)
    1 лажица магдонос
  • доколку е потребно, вода или супа од зеленчук
    Малку масло за пржење зеленчук
    Ако сакате грашок, компир, домати или кој било друг зеленчук, слободно додадете ги, нема да погрешите.

Подготовка:

Во широко тенџере или тава, истурете неколку лажици масло (најдобро е путер или маслиново масло) и додадете ситно сечкан кромид. Пржете го додека не стане стаклен, околу 5 минути, повремено мешајќи.

Додадете го морковот кој сте го исчистиле, измијте и исечкате на малку поголеми коцки и пропржете го неколку минути, исчистете ги печурките со влажна кујнска хартија и ако се помали пресечете ги на половина, а ако се поголеми. на четвртинки, додадете ги во кромидот и пропржете 4-5 минути, додајте ги пиперките кои ги исчистивте од вени и семки и исечкајте ги на коцки и пропржете ги неколку минути. Ако не ви се допаѓа луто, не треба да додавате феферони.

На крај додадете ситно сечкан лук и се заедно пропржете. Секако, доколку не ви се допаѓа лукот, не мора да го додавате во садот.

Кога ќе го испржите зеленчукот, додадете го оризот и покријте го со топла вода. Гответе додека не се свари оризот. Погрижете се оризот да не ви е кашест, не преварете, проверете по 10 минути.

За овој оброк не ви требаат повеќе од 30 минути.

Уживајте!

Како ви се допаѓа?

2 поени
Upvote Downvote