in

Лестер победи против Јунајтед! Манчестер Сити официјално стана шампион!

Како што веќе долго време се очекуваше во минатото коло се потврди, Манчестер Сити официјално стана новиот шампион на Англија.

Граѓаните математички ја осигураа титулата, откако екипата на Брендан Роџерс успеа да победи во гостувањето кај Маначестер Јунајтед. Лестер триумфираше со 2:1 и стигна до битни 3 бодови во борбата за учество во ЛШ следната сезона.

По само 10 минути игра, Лисиците стигнаа до водство преку голот на Томас. Но само 5 минути подоцна Ѓаволите изедначија на 1:1 преку младата ѕвезда Гринвуд. Победата на гостите им ја донесе турскиот репрезентативец, Чалар Сојунџу откако прецизно ја затресе мрежата на Јунајтед по асистенцијата на Олбрајтон.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote