in

Лестер стигна поблиску до место во ЛШ со новата победа против Палас!

Лестер Сити се доближи до својата цел – место во Лигата на Шампиони следната сезона, по победата против Кристал Палас на Кинг Пауер стадионот.

Вилфред Заха им донесе рано водство на госитите, по одличната асистенција на Еберечи Езе, кои успеаја да го задржат до крајот на првото полувреме. Но само пет минути по почетокот на второто полувреме, Тимоти Кастањ изедначи за Лисиците.

Палас имаше одлична шанса која не ја искористи, а казната стигна неколку минути подоцна, откако Ихеначо стрелаше за пресврт на натпреварот во корист на Лестер. Дефанзивецот Еванс забележа асистенција. Со оваа победа, Лестер останува на третата позиција и има 4 бодови повеќе од Челси.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote