in

Лестер и со играч повеќе не можеше да победи против Саутемптон!

Саутемптон успеа да му украде бод на третопласираниот Лестер Сити откако мораше да игра со десеторица повеќе од 80 минути.

Дефанзивецот на „Светците“ Јаник Вестергард беше исклучен по контраверзната одлука на судијата само 10 минути по почетокот на средбата, откако со клизечки старт го спречи Џејми Варди да излезе еден на еден со голманот Мекартни.

Но и покрај црвениот картон, натпреварот на полувреме заврши без погодоци. Во второто полувреме Саутемптон успеа да стигне до водство преку голот на Вард-Праус од белата точка. Но Еванс набрзо изедначи за Лестер и го постави конечниот резултат на средбата.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote