in

Лестер со победа и „клин шит“ против Тотенхем

Откако во претходното коло загубија со 2:1 во дербито против Ливерпул, фудбалерите на Тотенхем денеска го доживеаја и вториот пораз по ред во дерби пресметките од екипите од врвот, овој пат од Лестер.

Тотенхем во само четири дена го доживеа вториот пораз, овој пат на домашен терен од Лестер и тоа поради грешките на своите дефанзивци. Ова воедно беше прва победа на Брендан Роџерс над екипите кои ги предводи Жозе Мурињо.

Со триумфот, Лестер го помина денешниот противник на табелата и сега има 27 бода, четири помалку од лидерот Ливерпул, додека зад него се Евертон со бод помалку и Тотенхем кој има два бода помалку.

Првиот гол, Лестер го постигна во финишот од првото полувреме кога Серж Орие беспотребно стартуваше од зад грб на Фофана по што судијата по консултација со ВАР собата покажа на белата точка. Сигурен реализатор беше Џејми Варди кој го постигна 11. гол сезонава.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote