in

Германски пилот нацрта шприц на небото пред да започне вакцинацијата во Германија! [ФОТО]

Уметничкиот пилот изврши лет во форма на шприц над јужна Германија, пред почетокот на вакцинацијата против Covid-19.

Пилотот Сами Крамер рече дека сака да направи нешто креативно додека собираше часови на летање во неговиот двосед авион „Дијамант ДА20 Катана“.

„Во моментов, морам да соберам многу часови на летање, па наместо само да летам, сакав да направам некаков потсетник за луѓето да се вакцинираат“, изјави Крамер за медиумите.

Му требаше околу половина час да ги внесе координатите во системот за навигација, но вистинскиот предизвик се појави кога беше во воздух и кога требаше да биде прецизен.

Flytrader24, страница посветена на следење на авиони, сподели фотографија со текот на Крамер и траекторијата со невообичаена форма.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote