in ,

УбавоУбаво СлаткоСлатко

ЛЕТНАТА РУСКА САЛАТА Е ПОДОБРА ОД ОРИГИНАЛНАТА: Полесна за стомакот, помалку калорична, а вкусот е автентичен (ВИДЕО)

Нема човек кој не сака руска салата, но кога ќе дојде подобро време ни е малку потешко, бидејќи е јака и мрсна. Направете летна варијанта и заменете ги грашокот, компирот и шунката со пченка, јаболка и кромид. Задолжително маринирајте го кромидот, бидејќи ќе омекне и ќе ја изгуби горчината. Полесно ќе ви падне на стомак. Одлично е со месо, особено јагнешко.

Состојки:

  • 2 поголеми моркови
    1 поголемо јаболко
    1 кромид
    180 гр конзервирана пченка
    4 варени јајца
    2 лажици мајонез
    1/2 лажичка сол
    2 лажици шеќер
    3-4 лажици оцет
    100-150 ml топла вода

Подготовка:

Сварете го морковот, па исечете го на коцки, како и јаболкото и јајцето. Исечкајте го кромидот, а потоа додадете шеќер, сол, вода и оцет и кратко маринирајте. Додадете во салатата како и пченката. Сè убаво соединете со мајонез.

 

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote