in

Левандовски е планот Б за Челси?!

Челси веќе цел трансфер период се обидува да потпише напаѓач од светска класа и по сите изгледи таа желба ќе им се оствари.

Европскиот шампион го гледа совршениот напаѓач во Ерлинг Халанд и во Хари Кејн, но доколку не успее да ги потпише некој од овие двајца, тогаш со сите сили ќе тргне кон ѕвездата на Баерн, Роберт Левандовски.

Баерн не сака да продава ова лето, но според шпекулациите, Челси може да испрати понуда којашто многу ќе му се допадне на Пољакот. Ова не е прв пат Сините да тргнат по Левандовски, во минатото во два наврати се обиделе да ги ангажираат неговите услуги.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote