in

Луис Хамилтон стана возач со најмногу победи во историјата на F1

Луис Хамилтон стана возачот со најмногу победи во F1 на сите времиња по денешната трка во што се одржа во Португалија. Хамилтон стартуваше од првата позиција на гридот, но го загуби првото место од Валтери Ботас во првиот круг. Тој успеа да ја врати водечката позиција во 20тиот круг и се до крајот никој не го загрози.

Хамилтон сега има 92 победи, една повеќе од легендата на спортот Мајкл Шумахер. Неговиот тимски колега заврши на втората позиција во Портимао, а веднаш позади нив се најде Верстапен. 

Ферарито на Леклер беше четврто. Пјер Гасли во последните кругови од трката го помина Перез и ја осигура 5та позиција. Перез падна на 7мото место и пред него се најде Саинц. Останати возачи кој завршија во бодови беа Окон, Рикардо и Ветел.

Сакате и вие да создадете ваш квиз? Направете ваш пост!

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote