in

Лидерите на Г20 ветија фер дистрибуција на вакцината!

Лидерите на Г20 на 22 ноември изјавија дека ќе вложат максимални напори да обезбедат фер дистрибуција на вакцини против коронавирус ширум светот и да ги поддржат сиромашните земји чии економии беа уништени од кризата.

За време на дводневниот виртуелен самит, кој домаќин беше Саудиска Арабија, лидерите на групата најразвиени земји во светот (Г20) излегоа со единствен став за предизвиците што претстојат во борбата против пандемијата.

„Мобилизиравме ресурси за да ги задоволиме потребите за непосредно финансирање на глобалното здравје за поддршка на истражување, развој, производство и дистрибуција на безбедни и ефективни терапии и вакцини против КОВИД-19“, изјавија лидерите на Г20 по самитот.

Лидерите на Г20 изјавија дека „целосно ги поддржуваат“ механизмите воспоставени од Светската здравствена организација (СЗО) во борбата против епидемијата на коронавирус, што значи дека вакцината не е достапна само за најбогатите земји.

Актуелниот американски претседател Доналд Трамп накратко се појави на воведната сесија, пофалувајќи ги достигнувањата на неговата администрација во борбата против вирусот корона.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote