Авион на „Ер Индија“ на пат кон САД беше принуден да се врати во Њу Делхи, откако патниците на летот доживеаја блиска средба со лилјак.
Видеото, кое стана вирално, се шири на социјалните мрежи: екипажот и шокираните патници со неверување го гледаат лилјакот како лета во Боинг 737.
Авионот тргнал од Делхи кон Њујорк во четвртокот наутро, според распоредот, а лилјакот бил забележан по околу половина час. Тогаш пилотот реши да се врати во Њу Делхи.
Претставници на индиската цивилна авијација соопштија дека авионот бил дезинфициран по враќањето. Лилјакот е пронајден мртов во делот за деловна класа.
Патниците биле пренесени во друг авион.
ICYMI – Air India plane bound to Newark from the Delhi International Airport returned back 30-minutes into the flight after BAT flies through the cabin.pic.twitter.com/Dc5u34rX3b
— Disclose.tv 🚨 (@disclosetv) May 29, 2021
Коментари
Loading…