in

СлаткоСлатко

Лимонадата со чиа семе е ултра популарен пијалок: Експерт откри дали е навистина толку добар

Надалеку е познато колку водата е корисна за здравјето на организмот, особено кога во неа ќе додадете одредена намирница како лимон.

Во последните неколку дена на интернет кружат видеа на кои луѓето тврдат дека комбинацијата од лимон, вода и чиа семе многу им помогнала кога станува збор за целокупното здравје.

Лимонот е најпознат како извор на витамин Ц, може да го забрза разградувањето на мастите, да го олесни варењето и содржи голем процент на селен и витамин Б, кој е неопходен за правилно функционирање на нервниот систем.

Чиа семето е познато како здравствено семе, бидејќи ја враќа силата на телото и го зајакнува имунитетот. Чиа е растение најбогато со омега 3 масни киселини, протеини и влакна, а содржи и значителен број на витамини, минерали и антиоксиданси. Чиа семето е одлично за регенерација на кожата, но и за согорување на маснотии, го зајакнува организмот и позитивно делува на органите за варење.

 

На прашањето колку всушност е ефикасен овој пијалок, нутриционистот Дарил Ѓофре одговори:

– Ако го пиете овој напиток на празен стомак, исто како да сте го истуширале телото одвнатре.

Според него, семките од чиа се богати со растителни влакна, кои можат да помогнат во намалувањето на лошиот холестерол, да го одржуваат нивото на шеќер во крвта, да го промовираат дигестивното здравје и да помогнат при слабеење.

– Покрај тоа, чиа семето содржи значително количество железо од природно потекло, а вклучувањето на сок од лимон, кој е силен извор на витамин Ц, му помага на вашето тело подобро да го апсорбира ова железо за време на варењето – заклучува нутриционистот, а пренесува Goodhousekeeping. .

Како се прави овој пијалок?
Благодарение на комбинацијата на моќни намирници, во точно определени количини, детоксикацискиот пијалок на база на чиа семе се покажа како сојузник на здравјето и слабеењето.

Состојки:

1 лажица чиа семе

сок од 1 лимон

2дл. вода

Исцедете го сокот од лимон во водата, а потоа додадете ги чиа семките и оставете ги 15 минути за да набабруваат. Потоа испијте го пијалокот.

Доколку вашиот пијалок е премногу густ и сакате помазна текстура, можете да го направите во блендер.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote