in

Лингард продолжува со одличната форма! Вест Хем забележа нова победа

Џеси Лингард се препороди во Вест Хем откако пристигна на позајмица од Манчестер Јунајтед во Јануари. Чекичарите им гостуваа на Вулверхемптон и успеаја да забележат нова победа во натпреварот кој заврши со 2-3.

Токму Лингард ја започна голеадата на овој натпревар со одличен соло гол во шестата минута. Само 8 минути подоцна, неговиот соиграч Форналс го дуплираше водството на гостите. Боуен стрелаше за 0-3 само неколку минути откако влезе во игра, а Дендокер намали 2 гола негатива за Вулвс.

Последниот гол на средбата беше дело на младиот Фабио Силва и со тоа го постави конечниот резултат од 2-3. Вест Хем со оваа победа се врати на четвртата позиција, позиција која води во ЛШ.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote