in

НОВ СКАНДАЛ! На продажба 500 милиони хакирани профили на LinkedIn!

Деловната социјална мрежа Линкдин (LinkedIn), сопственост на Microsoft, е последната жртва на масовно протекување податоци во кои сајбер криминалците хакирале податоци од околу 500 милиони профили на корисници, објави порталот cibernews.com.

Според „Бизнис инсајдер“, непознато лице објавило продажба на интернет на два милиони податоци на еден хакерски форум, наведувајќи дека тие се собрани од 500 милиони профили на „Линкин“.

Податоците што протекоа вклучуваат кориснички адреси за е-пошта, телефонски броеви, информации за работа, полни имиња, пол на корисници и слично.

Социјалната мрежа на Microsoft потврди дека некои хакери навистина објавиле продажба на податоците на своите корисници на нивните форуми. Хакери тврдат дека станува збор за околу половина милијарда сметки.

Портпарол на LinkedIn рече дека компанијата го истражува ова прашање и се чини дека податоците видливи за сите се земени од нивната платформа, кои потоа биле комбинирани со украдени податоци од други веб-страници и веб-страници на компании и понудени за продажба преку интернет.

Според податоците на веб-страницата на компанијата, Линкдин има 740 милиони корисници, така што крадењето на податоците на нејзините 500 милиони корисници би значело дека е загрозена приватноста на околу две третини од платформата на корисниците на таа платформа, додава Бизнис Инсајдер.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote