in

Ливерпул декласиран од Реал Мадрид!

Екипата на Јурген Клоп беше посрамотена од Реал Мадрид на гостински терен, откако Кралевите стигнаа до победа во првата рунда од четврт-финалето во ЛШ со резултат од 3-1. И покрај високиот пораз, Ливерпул сеуште има солидни шанси да се пласира понатаму благодарение на голот на Салах.

Реал доминираше цело прво полувреме, а тоа го потврди најпрвин преку голот на Винисиус Џуниор во 27та минута, а 9 минути подоцна Асенсио го зголеми водството на 2-0. На стартот од второто полувреме, Ливерпул изгледаше како поозбилна екипа и веднаш стигна до погодок преку Салах.

Но одбраната на „Црвените“ беше катастрофална, а Винисиус повторно го искористи тоа и стигна до неговиот втор погодок во средбата.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote