in

Ливерпул го реши Јунајтед на Олд Трафорд!

Јурген Клоп ја забележа својата прва победа на Олд Трафорд, откако Ливерпул ја наполни мрежата на Јунајтед.

Во драматичниот натпревар кој му припадна на Ливерпул, голеадата ја започна домаќинот откако Бруно Фернандеш стрелаше по само 10 минути игра. Ливерпул стигна до пресврт уште пред паузата преку головите на Жота и Роберто Фирмињо.

На самиот почеток од второто полувреме Фирмињо го постигна својот втор погодок на средбата. Рашфорд ја намали предноста на Ливерпул, но залудно бидејќи во финишот на натпреварот Салах го постави конечниот резултат 4:2 во корист на гостите.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote