in

Ливерпул подобар од Тотенхем!

Избраниците на Јурген Клоп ја прекинаа лошата низа од пет дуели без победа и успеаа да го победат Тотенхем. Ова е прва победа на Ливерпул во 2021 година, откако забележаа два порази и реми.

Сон погоди во третата минута, но ВАР го поништи неговиот погодок. Пред самиот крај на првото полувреме, Мане со одлична асистенција го пронајде Фирмињо, а тој ја затресе мрежата на Лори.

Ливерпул во второто полувреме поведе преку Александер-Арнолд, но водството веднаш го намали Хојбјерг. Конечниот резултат го постави Мохамед Салах со шут од 16тина метри.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote