in

Ливерпул со победа стигна до место кое носи во Лигата на Шампиони!

Екипата на Јирген Клоп сега ја има судбината во свои раце откако успеа да се искачи во топ 4 во ПЛ.

Ливерпул, во претпоследното коло од англиската Премиер Лига, успеа да слави во гостувањето против Барнли со убедливи 0:3. Со оваа победа тие се најдоа на четвртата позиција, последна која носи во ЛШ.

Тие имаат ист број на бодови со екипата на Лестер, но поради подобрата гол разлика се подобро рангирани. Со победа над Кристал Палас во последното коло тие остануваат на четвртата позициа и ќе се пласираат во Лигата на Шампиони следната сезона.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote