in

Љубопитна коала влезе во куќа и удобно се смести – на новогодишната елка

Љубопитна коала се вовлекла во куќата на една Австралијка и се сместила удобно на елката. При враќање од работа, жената била изненадена кога видела дека има непланиран “украс” на нејзината елка.

Аманда МекКормик од долината Коромандел во близина на Аделаида на југот на Австралија се јавила во здружението за спасување коали, затоа што слаткото пуфкасто животно всушност има долги нокти и остри заби, пренесуваат медиумите.

“Вечерва добивме повик. На почетокот, нашиот вработен сметаше дека е шега”, напишаа од здружението на Фејсбук.

„Но, коалата, желна за Божиќното расположение, влезе во куќата и реши да биде украс на елката“, додаваат тие.

Ди Херн-Елон од здружението „1300 Коалаз“ рече дека не е невообичаено коалите да влегуваат во домовите, но тоа не се случува секој ден.

„Коалата е здрава млада женка, и е пуштена во близина на куќа и област кое е одлично живеалиште за тоа животно“, додаде таа.

Коалите се најпопуларните животни во Австралија, но нивното население е загрозено од човечко влијание – пожари, напади од кучиња и страдања од судари на автомобил.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote