in

Лошата форма на Ливерпул продолжува, нов пораз на гостински терен!

Фудбалерите на Саутемптон го совладаа Ливерпул со 1:0 во последниот натпревар од 17. коло во Премиер лигата.

Одлучувачкиот момент се случи уште во втората минута кога поранешниот фудбалер на Ливерпул, Дани Ингс ја затресе мрежата на „црвените“.

Ингс го искористи невниманието на Џордан Хендерсон, кој на овој натпревар играше како стопер, по центаршутот на Џејмс Ворд Праус и го совлада Алисон.

Ливерпул во второто полувреме сите карти ги фрли на нападот, но прсингот не донесе резултат, односно не успеаја да ја затресат мрежата на Форстер.

Со поразот, Ливерпул си го загрози првото место на табелата, тие заедно со Манчестер јунајтед се на делба на лидерската позиција, но „црвените ѓаволи“ имаат и натпревар помалку. Во наредното коло на 15. јануари, Ливерпул игра токму против Јунајтед.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote