Околу 200 корисници на владини електронски услуги денес добија порака дека очекуваат да бидат уапсени, што се покажа дека е испратено по грешка од словенечкото Министерство за надворешни работи.
„Сите ќе бидете уапсени“, гласеше пораката, сепак, 45 минути подоцна, корисниците добија друга порака со извинување.
Како што е наведено, станува збор за „човечка грешка“.
Имено, тоа Министерство само го тестираше масовното испраќање на пораки, што ќе се користи за време на словенечкото претседателство со Советот на ЕУ, со цел да ги информира лицата кои аплицирале за електронско следење на настаните за промените во датумите на тие настани.
Коментари
Loading…