Луѓето имаат помала желба за ремантична врска доколку тие се социјално задоволни и среќни од своите пријатели, според новото истражување кое е направено од Journal of Social and Personal Relationships. „Бројот на луѓе кој не се во љубовна врска расте и никој не ни го забележува тоа. Само во САД, стапувањето во брак на луѓе на 18 годишна возраст е намалено за 72% од 1960 година. Секако има различни фактори кој влијаат на ова, но разликата е многу голема“ пишуваше во истражувањето.
Во оваа студија која беше направена од научникот Елјаким Кислев, беше располагано со податоци од 12,000 индивидуи и нивните партнери, деца и родители. Во истражувањето, слободните луѓе биле запрашани дали се согласуваат или не се согласуваат со фразата „би сакал да имам љубовен партнер“. Студијата потврди дека постои врска помеѓу пријателите и љубовниот партнер.
Коментари
Loading…