Напаѓачот на Интер, Ромелу Лукаку беше прогласен за најдобар играч минатата сезона во италијанската Серија А, објавено е за официјалниот профил на Твитер на ова натпреварување.
28-годишниот белгиски репрезентативец беше еден од најзаслужните што тимот од стадионот „Џузепе Меаца“ ја прекина доминацијата на Јувентус и по 11 години ја освои шампионската титула.
Силниот напаѓач ќе постигне 24 гола и ќе запише 11 асистенции на 36 натпревари во Серија А.
28-годишниот Лукаку дојде во Интер од Манчестер Јунајтед во 2019 година, а претходно играше за Евертон, Вест Бром, Челси и Андерлехт.
🌟MVP 2020/2021🌟
Migliore in assoluto: @RomeluLukaku9 ! 🔝Strapotere atletico, tecnica superiore e assoluto trascinatore. I numeri della sua stagione sono straordinari: 24 gol e 11 assist! https://t.co/oNZ4nupzZV#SerieATIM #WeAreCalcio pic.twitter.com/wsnnNCt4fd
— Lega Serie A (@SerieA) May 31, 2021
Коментари
Loading…