in , ,

WTFWTF Што?Што?

Манечестер ќе го избрка Роналдо, доколку не го смени односот (ВИДЕО)

Португалскиот напаѓач овојпат го одигра целиот натпревар, но се уште е без гол за Јунајтед оваа сезона. По последниот свиреж на судијата, тој отиде директно во соблекувалната, гестикулирајќи и неволно се ракуваше со другите учесници. Тој не се ни поздрави со својот тренер Ерик тен Хаг, кој замислен со рацете на грб стоеше на линијата, туку само помина покрај него.

Незадоволството на Роналдо во Манчестер не е премногу голема вест. Тој покажа фрустрација пред почетокот на сезоната, кога побара од клубот да го пушти. Португалецот наводно сака да игра во Лигата на шампиони, но тоа нема да може да го направи со Манчестер оваа сезона. Скај Спортс дознава дека Манчестер ќе го раскине договорот со Роналдо доколку тој не го подобри своето однесување.

Роналдо покажа недисциплина, замина еден натпревар порано во подготвителната сезона, а Тен Хаг го остави на клупата против Брајтон во првото коло од првата минута и го викна само во вториот дел. Менаџерот на Роналдо, Жорге Мендеш наводно веќе некое време бара нов клуб за 37-годишниот напаѓач.

 

Погледнете го видеото:

 

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote