Не е ни чудо што триковите ги прават кучиња, но мачките генерално не се толку вешти во тоа. Сепак, тоа не важи за Алексис од Австрија, која научи многу трикови, а сега стана рекордерка поради тоа.
Заедно со нејзината сопственичка Аника Мориќ, таа научи да се тркала околу ногата, да седи на килимот, да замавнува со главата и бројни други команди. За една минута таа изведе 26 трикови и влезе во Гинисовата книга на рекорди како мачка со најмногу трикови изведени за 60 секунди.
Дуото го сруши рекордот уште во јули минатата година, но снимката од нивниот настап само што беше објавена.
Коментари
Loading…