Новак Џоковиќ повторно е во финалето на Вимблдон! Најдобриот тенисер на светот во полуфиналето го победи младиот Канаѓанец Денис Шаповалов со 7:6 (3), 7:5, 7:5.
Србинот ќе го игра финалето на Вимблдон трет пат по ред, вкупно седми пат. Џоковиќ по 30-ти пат ќе се бори за титулата на Грен слем турнирите.
Новак ја оствари 20-та победа по ред на терените на клубот Ол Англија, а му недостасува уште една за да стигне до третата последователна титула. Србинот во недела во Лондон ќе се бори за шестиот трофеј, вкупно 20-ти на Грен слем турнирите.
Џоковиќ годинава во Лондон ги совлада Драпер, Андерсон, Кудла, Гарин, Фуковиќ и сега Шаповалов.
Матео Беретини го чека во финалето. Србинот води со 2:0 во меѓусебните дуели со Италијанецот. Тие последен пат се сретнаа во четвртфиналето на Ролан Гарос оваа година, а Новак славеше по четири сета.
Коментари
Loading…