in

Мафијата им се заканува на екипите на брзата помош, сирените ги вознемируваат дилерите!

Италијанската мафија „побара“ од возачите на брза помош во Неапол да престанат да користат сирени и трепкачки светла затоа што ги збунуваат дилерите на дрога.

Како што е пријавено во полицијата во Неапол, неодамна двајца членови на бандата запреле брза помош и се заканиле дека ќе го убијат возачот затоа што тој ја вклучил сирената додека возел низ јужниот дел на градот.

“Зар не разбра дека не можеш да користиш сирена тука? Исклучи ја или ќе те стреламе!”, Предупреди еден од мажите. По инцидентот, преплашениот лекар бил принуден да повика полиција за безбедно да го придружува од областа каде се случила непријатната средба.

Локалните кланови „не сакаат“ сирени и ротирачки светла, бидејќи тие можат да ги вознемират дилерите кои ги мешаат со полициски автомобили, па нивниот бизнис е прекинат, а клиентите се исплашени. Возачите на брза помош во Неапол сега бараат полициска заштита поради малтретирање од страна на локалната мафија.

Слични инциденти се пријавени и во другите населби низ Неапол, рече Мануел Руџиеро, лекар за брза помош, како што потврди локалната организација Несуно Точи, која се бори против насилството врз медицинските работници.

„Веќе ни е наредено да не користиме сирени во населбите Санита и Трајано, така што возачите таму ја вклучуваат сирената само кога ќе заминат од ризични области“, велат од организацијата. Екипите на брзата помош имаат проблеми и затоа што ги напаѓаат роднини на пациентите кај кои одат, затоа што доцнат на повик, токму поради проблеми со мафијата.

Во последните три години во Неапол се забележани 300 напади врз медицински лица.

Алесандро Амитрано, локален советник, ја повика владата борбата против клановите од неаполската мафија Камора да ја направи национален приоритет. Тој исто така повика на дополнителна заштита на возачите на брза помош.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote