in ,

СлаткоСлатко УбавоУбаво

Мафини со бело чоколадо

Мафини прелиени со глазура од бело чоколадо.

Состојки:

  • – 200 мл јогурт
  • – 200 гр брашно
  • – 100 гр шеќер
  • – 1 ванилин шеќер
  • – 1/2 кесичка прашок за пециво
  • – 4 лажици масло
  • – 2 јајца
  • – 100 гр бело чоколадо
  • – 50 гр мелени лешници по желба

Подготовка:

Чоколадото растопете го на пареа.

Загрејте ја рерната на 200 степени.

Измешајте ги брашното и прашокот за пециво, па додајте ги во изматените јајца, јогуртот, шеќерот, ванилиниот шеќер и маслото.

Измешете го тесто, па наполнете ги калапите за мафини кои претходно ги премачкавте со масло и ги посипавте со брашно.

Печете околу 20 минути додека малку не поруменат, па почекајте да се изладат и извадете ги од калапот.

Прелијте ја со глазурата од бело чоколадо и по желба посипете со мелени печени лешници.

На здравје!

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote