in

Мафини со лимон и јогурт: Мек, сочен и миризлив десерт, ќе го маѓепса вашето непце!

Состојки:

  • 300 гр брашно
  • 2 и пол лажици прашок за пециво
  • малку сол
  • 150 гр шеќер
  • 2 големи јајца
  • 2 лажици рендана кора од лимон
  • 4 лажици сок од лимон
  • 250 мл јогурт
  • 90 гр стопен путер

Подготовка:

Вклучете ја рерната на 200 Целзиусови степени, и калапот за мафини намастете го или наредете го со хартиени корпи.
Брашно, сол и прашок за пециво просејте ги заедно, а потоа измешајте ги со шеќерот.
Во друг сад изматете ги јајцата, додадете рендана кора од лимон, сок од лимон и јогурт.
Измешајте ја влажната смеса со сувите состојки, а потоа додадете го стопениот ладен путер и измешајте сè добро, така што смесата ќе биде рамномерна.
Пополнете ги корпите за мафини на 2/3 полни и печете ги во загреана рерна околу 15 минути.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote