in

Марез го носи Манчестер Сити во своето прво финале во Лигата на Шампиони!

Манчестер Сити стигна до своето прво финале во Лигата на Шампиони, откако со одлична претстава успеа да ги надмудри ПСЖ со две победи во полуфиналните натпревари.

Играта се одигра на чудни временски услови, снежната покривка можеше да се забележи на Етихад. Но на брилијантниот Ријад Марез не му преставуваше проблем да игра на снег, па уште по само 11 минути игра успеа да ја затресе мрежата на Кејлор Навас.

ПСЖ се обидуваше да се врати во натпреварот, но без некои резултати. Маркињос ја погоди пречката, а Ди Марија беше непрецизен од далечина. Во второто полувреме Сити ја дуплираше предноста, а Марез повторно стрелаше. Граѓаните својот противник ќе го дознаат денеска, по натпреварот помеѓу Челси и Реал Мадрид кој ќе се одигра во 21:00 часот.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote