Манчестер Сити успеа да се пласира во полуфиналето од Лигата на Шампиони по втор пат во нивната историја откако успеаја да ја победат екипата на Борусија Дортмунд на гостински терен.
Граѓаните во дуелот влегоа со резултат од 2:1 во првата рунда, но веќе во првото полувреме Борусија стигна до посакуваниот гол кој водеше во следната фаза. По примениот гол, гостите со сите сили се обидуваа да ја затресат мрежата на противникот, а во тоа успеаја со удар од белата точка во 55тата минута.
Младата ѕвезда на Сити, Фил Фоден, успеа да ги „матира“ Германците и им донесе полуфинале на Граѓаните.
Коментари
Loading…