in

Махрез со хет-трик им донесе победа на Граѓаните!

Ријад Махрез го постигна својот прв хет-трик во дресот на Манчестер Сити и им донесе победа на екипата на Пеп Гвардиола во натпреварот со Барнли. Ова е четврта победа во низа за екипата од Манчестер на домашен терен. Исто така Менди го постигна својот прв погодок за Сити по асистенцијата на Кевин де Брујн. Новиот играч на Сити Феран Торес се запиша во стрелците.

Сити го победи натпреварот со 5-0 и ова е нивна најголема победа оваа сезона во рамките на Премиер Лигата. „Беше многу битно да се вратиме со победа во Премиер Лигата по поразот од Тотенхем минатото коло. Одигравме многу натпревари, па затоа не беше лесно да се издржи истиот ритам цел натрпевар. Сеуште има некои работи кои можат да се подобрат.“ изјави стратегот на Граѓаните.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote