in

Мајк Мајерс ќе глуми седум различни ликови во иста серија!

Глумењето на два ликови во ист филм е фасцинантна работа, но Мајк Мајерс ќе го направи невозможното – ќе глуми дури 7 ликови во една иста серија.

Легендарниот комедиски актор го потпиша договорот за да направи нова серија со стриминг платформата Netflix уште во 2019 година. Серијата ќе има шест епизоди и сите ќе бидат долги по 30 минути.

Во серијата Мајерс ќе глуми седум различни ликови. Ова не е прв пат актерот да глуми повеќе ликови во еден ист филм, порано тој се појавувал како различни луѓе во филмовите: So I Married an Axe Murderer, The Love Guru и за време на шоуто Saturday Night Live.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote