Мајк Тајсон веќе подолго време е застапник за бенефициите од наркотичните супстанци, а сега даде нова интересна изјава.
Тој откри дека за време на врвот на неговата богата боксерска кариера, скришно конзумирал таканаречени „магични печурки“ кои имаат психоделични ефекти со цел да се справи со самоубиствените мисли и депресијата во својот приватен живот.
Со цел да се справи со ваквите негативни мисли, тој го побарал спасот во наркотичните супстанци и тврди дека токму тие му го спасиле животот. „Бев депресивен и имав многу негативни мисли, но откако почнав да ги конзумирам магичните печурки, животот ми се смени“ изјави боксерот.