in

ИДЕАЛНО КОГА НЕ ЗНАЕТЕ ШТО САКАТЕ ЗА РУЧЕК: Брзи тестенини со шунка и кашкавал кои ќе ве маѓепсаат со вкусот!

Се прави брзо, а вкусот е неверојатен!

Состојки:

  • 400 грама тестенини
  • 300 милилитри млеко
  • 300 грама шунка
  • 200 грама кашкавал
  • 3 јајца
  • 50 грама путер

Подготовка:

Прво ги ставаме макароните да се готват во солена вода додека не бидат полу-готови. За тоа време, исечете ја шунката на мали парчиња и изрендајте го сирењето.

Кога ќе завршат макароните, извадете го и додадете путер. Убаво мешајте додека путерот добро се стопи.

После тоа, изматете три јајца во мала чинија и додајте ги во макароните. Зачинете со малку бибер и сол. Додадете млеко и шунка и добро измешајте.

Префрлете ги на соодветен сад за печење и печете во загреана рерна на 180 степени 20 минути.

На крај, ставете го ренданото сирење и печете ги макароните во рерна уште 10 минути додека не се стопи сирењето.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote