in

Нашите девојки се поблиску до пласман! Македонија на Светско!

Женската ракометна репрезентација на Македонија направи уште еден чекор кон минување на првото коло од квалификациите за Светското првенство.

Во второто коло од групата 2, ја совладавме репрезентацијата на Литванија со 31:21. Гостите добро се држеа во првото полувреме, откако Македонија поведе со 15:12. Во продолжение, нашите го зголемија напорот и на крајот остварија убедлив триумф.

Исланд лесно ја совлада Грција со 31:19 во вториот натпревар од оваа група. Северна Македонија има максимални четири бода на табелата, Литванија и Израел имаат по два бода, додека Грција е на последното место без бодови.

На другите натпревари од првата рунда квалификации беа постигнати следниве резултати: Украина – Луксембург 28:21, Италија – Косово 24:22, Словачка – Израел 37:19, Швајцарија – Фарски Острови 26:18.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote