За прв пат во историјата, фудбалската репрезентација на Северна Македонија се пласираше на Европското првенство, откако во финалето на баражот во Тбилиси ја совлада селекцијата на Грузија со 1:0.
Голот на одлуката го постигна 37-годишниот Горан Пандев по одличната акција на гостинскиот тим во 56-та минута.
Тимот на селекторот Игор Агеловски ќе биде во групата Ц на Европското првенство, заедно со Холандија, Украина и Австрија.
Македонците не блескаа во главниот град на Грузија, но моментот на инспирација и мајсторство на Пандев, Елиф Елмас и Илија Несторовски беше доволен за голот што запиша нова страница во историјата на поранешната југословенска република.
Коментари
Loading…