in ,

СлаткоСлатко УбавоУбаво

МАКЕДОНСКА ТОРТА: Сочен десерт кој се топи во уста

Во посните денови не треба да заборавиме на слатките, па затоа ви пренесуваме рецепт за македонска посна торта.

 

Колачите со малку маснотии се подеднакво вкусни како и масните, а добар пример за тоа е македонскиот колач:

Потребни состојки:

3 чаши брашно
2 чаши гриз
1 прашок за пециво
150 грама сечкани ореви
Цимет
3 чаши кисела вода
1 и пол шолја масло
Ако сакате, можете да додадете и сечкано суво грозје
50 гр ореви за наросување

Сируп:

250 гр шеќер
2,5 dl вода
1 ванилин шеќер

Подготовка:

Соединете ги сите состојки за тестото и истурете го во плех, посипете со сечканите ореви и печете на 180 степени Целзиусови.

За тоа време подгответе прелив од шеќер, вода и ванилин шеќер. Оладениот колач прелијте го со врел сируп. Откако колачот ќе се излади, го сервираме.

 

На здравје!

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote